„Комуна“ ги зголемува приходите, долгот се генерира поради поскапувањата

Почитувани,

Во време на криза сите сме одговорни граѓаните да ги информираме точно и целосно вистинито со цел да не предизвикаме паника и во така тежок период за нив.

Партијата ОК ВМРО ДПМНЕ Крушево објавува на социјалната мрежа „Фејсбук“ за побарувањата, обврските и долгот на ЈП „Комуна“ Крушево. Истовремено, партијата користи зборови како „колапс“, „алармантно“ со цел да ги заплаши граѓаните и политички да профитира.

Состојбата со претпријатието е навистина тешка. Приходите се зголемуваат, како што објавивме во квараталниот извештај, но истовремено се покачуваат трошоците. Колку за илустрација. Ефтината тарифа на струјата е зголемена за околу 400 насто, а скапата за 500 насто. Исто така, цените на нафтените деривати се менуваат без малку на дневна основа и поскапуваат материјалите неопходни за работа на „Комуна“.

Истовремено, приходите на ЈП „Комуна“ Крушево за вода се зголемија на над 3 милиони и двесте илјади денари и процентот на наплата на вода во градот е 93 проценти. Во извештајот напоменавме дека е неопходна поголема свест за да се подигне процентот на наплата и во одредени населени места, каде што таа е помала со цел да се подигне нивото на наплата и квалитет на услугите.

Исто така, се зголемуваат приходите за чистота, водоводни услуги, пазарот и друго, што само покажува дека претпријатието работи ефикасно, но најголем проблем предизвикуваат последиците од енергетската криза и токму тие трошоци со години го генерираат долгот

Да не заборавиме, дека „Комуна“ е носител и на многу инфраструктурни проекти во општина Крушево.

Почитувани,

Кризата ги погодува сите, па така и комуналното претпријатие. Раководството работи на изнаоѓање решенија и помош со цел полесно да се помине оваа криза. Сите процеси на поскапувања силно ги погодија и граѓаните и претпријатијата, a “Комуна“ никогаш не ја криела финансиската сосојба, односно сите финансиски извештаи се објавуваат и појаснуваат за граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево