Нико Доага проширена, безбедна и проодна

Комплетирана е санацијата на дел од улица Нико Доага, која беше во лоша состојба и претставуваше опасност за движење.

Како дел од активноста се санираа потпорни ѕидови и заштита на постоечки пат. Овозможување на поширок простор за движење на возила и поголема безбедност беа приоритети на почетокот на овој проект.

“Преку процесот на тековно одржување работиме на подобрување на безбедноста и проодноста на улиците во Крушево. Граѓаните имаа големи барања и жалби за состојбата со оваа улица и од тие причини изминатиот период голем дел од нашите ресурси посветивме на активностите за санација.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево