ЈП „Комуна“ Крушево започнува со поинтензивна работа на јавната чистота, а соработката со граѓаните е неминовна.
Од денес, 12.12.2022г., „Комуна“ со свои луѓе и механизација работат на чистење на неколку локации, една од нив е Крушевско Езеро, и ќе вршат проверка и расчистување на локации во центарот на градот каде се поставени контејнери.
Оваа активност е во насока на зголемување на јавната чистота преку вклучување на повеќе луѓе и ресурси од претпријатието, но повторно се апелира на одговорно фрлање на отпадот во контејнерите.
„Мора да имаме подобра слика за градот и местата за фрлање на отпад да бидат чисти. За тоа да се оствари потребно е „Комуна“ да ја интензивира својата работа и од друга страна граѓаните да ни’ помагаат преку соодветно и одговорно фрлање и складирање на отпадот. Количините на отпад се зголемуваат, па така и нашата работа и граѓанска одговорност се зголемуваат“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.