НЕ за градежен шут во контејнерите

Почитувани,

Поставените контејнери во град Крушево не служат за собирање градежен отпад. Тоа прави проблем во складирањето и транспортот на отпад и придонесува кон позагадена околина.

Ова не е прв ваков апел, а ЈП „Комуна“ Крушево потенцираше во неколку наврати дека стои на располагање за транспортирање на овој отпад со цел истиот да не се фрла во јавно достапните контејнери. Апелирам уште еднаш ако се работи за градежен шут граѓаните да ја контактираат „Комуна“ за одведување на истиот.

Да бидеме одговорни.

„Комуна“ продолжува со засилени активности на контрола на состојбата околу контејнерите во центарот на градот и се работи на расчистување на овој простор во случај на расфрлање на отпад. Претпријатието овозможи и посебен простор за фрлање на отпад од угостителските објекти во центарот на Крушево за да се избегне преполнување на контејнерите.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
21.12.2022г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево