Јп „Комуна“ Крушево ќе инсталира дигитални водомери во град Крушево со цел да се подобри водоснабдувањето, а загубите на вода да се намалат.
Во посета на Крушево и ЈП „Комуна“ денес беа претставници на германската агенција ГИЗ во Северна Македонија и Македонски Телеком кој го имплементираат проектот „Дигитална трансформација на јавните водни услуги“. „Комуна“ е избрана како една од три пилот претпријатија кои се вклучени во проектот.
При посетата се направи увид на водоводната мрежа и се креираше план за имплементација, односно инсталирање на водомерите.
„Дигиталните водомери значат дека ќе имам подобра контрола врз потрошувачката на вода и ќе знаеме дали во одредено домаќинство има дефект и сите податоци ќе бидат достапни дигитално и во реално време. Во оваа прва фаза очекуваме да добиеме околу 300 водомери, а „Комуна“ е отворена да го продолжи проектот и во иднина доколку истиот се покаже како ефикасен“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска по посетата.
На средбата во комуналното претпријатие се потпиша и меморандум за разбирање, а проектот ќе трае до 2025 година.