Повторно расфрлен отпад при празен контејнер, сторителот познат

Повторно се расфрлува отпад околу контејнер, додека истиот е празен. Одговорниот е познат и „Комуна“ ќе преземе мерки заедно со комуналниот инспектор во општина Крушево.

Во близина на „Гумење“, кај чешмата „Јаноска“, од службите на ЈП „Комуна“ Крушево е забележан расфрлан отпад и загадување на средината, додека поставениот контејнер е без малку празен. Според нашите информации отпадот е одговорност на еден од угостителите во овој дел од градот.

Ова е негативен пример како самите на себе си нанесуваме штета и како негативно влијаеме на туризмот и на она што го работиме. Загадувањето негативно ќе влијае на тој што го направил овој гест, а останатите угостителски работници ќе бидат исто така погодени, иако не поддржуваат вакво однесување.

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023г.) исто така расфрлан е отпад кај пазарот каде што има два контејнери. Апелираме отпадот да не се остава покрај контејнерот затоа што истиот се растргнува од кучиња, а во најголемиот број случаи контејнерот е полу празен. Во продолжение фотографија од состојбата покрај градскиот пазар.

„Комуна“ ќе продолжи јавно да ги објавува овие „дела“ се додека состојбата не се подобри. Истовремено, ние ќе се трудиме што е можно подобро да ја одржуваме хигиената и да одговараме на вашите поплаки и сугестии.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
01.02.2023г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево