Денес „Комуна“ работи на санација на шахта, по вчерашната интервенција на канал на влезот на градот.
Се работи за шахта која се наоѓа во непосредна близина на главната сообраќајница и итноста за санација е голема заради предизвикување на поплава во едно домаќинство од овој дел на градот.
Истовремено, вработени во претпријатието работеа на дефект на водоводната мрежа, а активностите се завршија во најкраток можен рок.
„Оперативноста се зголемува како што се зголемуваат обврските. Мораме да одговориме на проблемите, но и внимаваме на итноста и приоритетноста, а паралелно водиме кампањи за општествена одговорност.“, велат од претпријатието.