Уредување во паркот, безбедна околина за безбедна забава на децата

За поголема безбедност се уредува просторот околу нишалките во градскиот парк. Овој парк се наоѓа во центарот на Крушево и се користи најмногу од најмладите.

Со негово уредување „Комуна“ ќе обезбеди поубава и побезбедна средина, а најмладите што е можно повеќе да ги користат содржините.

„Овој простор беше запоставен, а знаеме дека содржините за најмладите се особено важни. Гледаме и дека исклучително многу често се користат нишалките и затоа сакавме да го уредиме просторот за да биде безбеден за децата.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Продолжува косењето и уредувањето во градот со засилен интензитет во пресрет на „Град на културата 2023“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево