Започна санацијата на оштетени делови на дел од улицата Мише Ефтим. Ќе се санираат дупките и со тоа движењето ќе биде побезбедно за возилата на граѓаните.

Овој дел од Мише Ефтим е големо барање на жителите на улицата заради видната оштетеност и опасноста која ја носат големите дупки.