Санацијата на дел од улица Мише Ефтим продолжува денес и се известуваат граѓаните да ги користат алтернативните улици за движење во овој дел од градот.
„Денеска работиме на санација на улицата со цел да се отстранат дупките и да се овозможи ефикасно движење во правец кон горното училиште. Улицата е во лоша состојба, но веќе работиме на поправање на оштетените делови.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.