Пролетното уредување продолжува кон хотелската зона, со косење и уредување на зелената површина покрај патот.
„Имаме убава идеја да го подобриме изгледот на овој дел од градот. Ќе се коси тревата, а при уредувањето нема да ги оштетуваме дрвјата. Нашиот план е целосно да го уредиме овој простор затоа што е дел каде што крушевчани и посетителите на градот ги прават своите прошетки“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.