Влезовите на Крушево се косат и уредуваат од утрово. Паралелно со рачното косење, кое се одвива веќе неколку месеци, денес се опфаќаат и поголемите улици, дел од регионалниот пат и пристапите до Крушево од 3 страни.
„Поинтензивно работиме на косење на градот. Влезовите на Крушево од сите страни се косат, а неколку месеци наназад работиме со рачно косење, односно на места каде што не може да пристапи механизација.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.
Косењето на градот се одвива постојано изминатите месеци. Во неколку наврати се уредуваа гробиштата, но и центарот на градот, пристапите до институциите и помалите улици.
„Работата на косење беше навистина обемна оваа пролет. Временските услови придонесоа да имаме многу работа на ова поле, но се трудиме да покриеме навремено секаде каде што има потреба.“, потенцираа од претпријатието.