Прекин на вода поради поставување нови водомери во домаќинства во град Крушево како дел од процесот на замена на старите водомери.
„Над 1000 водомери се заменети во градот, а денес ќе имаме на терен неколку екипи како резултат на различни локации на домаќинства каде денес ќе се прави замената. Мора да има прекин на вода, но истиот очекуваме да не биде долготраен со оглед на организациската поставеност за денешниот ден. Им благодариме на граѓаните за трпението и разбирањето.“, изјавија од ЈП „Комуна“ Крушево.
Целиот град и дел од населените места се опфатени со поставување на нови водомери, односно старите се заменуваат со цел поверодостојна наплата на сметки и брзо детектирање на евентуални дефекти. Досега во град Крушево се поставени околу 1000 водомери, а вкупната бројка ќе достигне 1800.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
26.06.2024 г.