
Почитувани,
Два дефекти на водоводната мрежа на кои работиме утрово. Водоснабдувањето мора да биде прекинато, но се надеваме дека прекинот нема да трае долго, а проблемите ќе се надминат брзо.
Ги известуваме граѓаните дека рестрикции на вода во наредните денови ќе има од 16 до 19 часот и од полноќ до 5 часот наутро.
Апелираме на одговорно користење на водата во овој период на суша.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
11.07.2024 г.