Прекин на вода од 12 часот поради поврзување на водоводна мрежа на едно домаќинство. Прекин ќе имаат горните делови од следните улици:
- Тоше Проески
- Никола Карев
- Коча Миленку
- Манчу Матак
- Партизанска
- Питу Гули
„Водата мора да биде прекината во период од околу еден час поради активности на улица на која треба да се поврзи домаќинство на водоводна мрежа и враќање на улицата во првобитна состојба. Станува збор за зафат кој се спроведува на барање на физичко лице, односно наш сограѓанин кој работел на водоснабдување на својата куќа.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.