Денес работиме на уредување на градскиот парк со прередување на коцките. Апелираме паркот заеднички да го одржуваме и да не наштетуваме на поставената опрема.
„Колегите се од рано наутро во паркот и се прередуваат коцки на делови од паркот каде што има оштетувања. Сакаме да порачаме и да побараме од сограѓаните да го чуваме заеднички паркот, односно да не се наштетува на поставената опрема и на просторот во целост“, изјавија од ЈП „Комуна“ Крушево.