Изворот Студенчица намален, водата да се користи разумно

Изворите од „Студенчица“ се намалени, водата да се користи паметно, штедливо и исклучиво за најосновните потреби.

Почитувани,

Согласно известување од Регионалниот водоснабдителен систем јавното претпријатие „Студенчица“ Кичево поради намалување на издашноста на изворите се соочуваме со проблеми со редовното водоснабдување во населените места Норово, Алданци, Саждево, Борино, Врбоец, Св. Митрани, Пресил и Мало Бучин.

Замолуваме и апелираме водата да се користи на штедлив начин, односно за најосновните потреби на жителите на погоре наведените населени места. Колку порационално ќе се користи водата, толку повеќе водоснабдувањето ќе биде поредовно.

Ви благодариме за разбирање за настанатата ситуација и уверени сме дека само со почитување на овие препораки и само заеднички можеме да ги поминеме овие периоди на послаба издашност на изворите.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево
08.11.2024 г.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево