Ги замолуваме граѓаните да ги вадат корпите за отпад надвор од дворовите за да можат вработените побрзо и поефикасно да го подигнат отпадот и да го складираат во камион.
Истовремено, изразуваме жалење и се извинуваме за задоцнетото собирање на отпад од одредени домаќинства, а тоа се должи на зимските прилики на теренот.
„Отежната е работата во собирање на отпадот од домаќинствата во одредени делови од градот, односно на места каде пристапот поради снегот е сложен. Добивме информации и поплаки дека на повеќе места отпадот не е подигнат и за тоа би сакале да се извиниме на граѓаните и ќе се обидеме што е можно побрзо, но истовремено и безбедно за нашите вработени, да го подигнеме отпадот. Во меѓувреме ги замолуваме сограѓаните корпите за отпад да ги вадат надвор од нивните дворови за побрзо подигнување на отпадот.“, велат од „Комуна“.