Добродојдовте на официјалната веб страница на Комуна

Почитувани граѓани на општина Крушево,

Добредојдовте на интернет страницата на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево. Преку оваа страница сакаме да ги подобриме известувањето и генерално двонасочната комуникација со граѓаните. Да се обезбеди побрзо и поефикасно решавање на проблемите и обезбедување на повисоко ниво на транспарентност.

На интернет страницата покрај известувањтаа можете да ги најдете сите документи поврзани со работата на „Комуна“. Напоменуваме дека интернет страницата иако е објавена, се уште се доработува, така што одредени обврски се уште не се достапни.

Она за што сметаме дека на граѓаните им беше најпотребно „Комуна“ да има своја веб страница беа алатките за „онлајн“ пријавување на дефекти, исфрлање на отпад и диви депонии, испраќање на состојба на водомер и плаќање на сметки.

Во десниот дел од почетната страна ќе ги најдете „онлајн“ пријавите, додека во горниот дел се наоѓа полето „Плати сметка“. Напоменуваме дека изработката на алатката за „онлајн“ плаќање е во завршна фаза и за скоро ќе Ви биде достапна.

Почитувани,

Интернет страницата komunakrusevo.mk не е завршен процес и истата ќе се надополнува постојано врз основа Вашите сугестии и Вашите потреби.

Наша цел е Крушево да биде почисто, со подобро водоснабдување и со брзи и ефикасни услуги кон граѓаните. Наша заложба е претпријатието преку оваа и други алатки да соработува постојано со граѓаните за исполнување на погоре наведената цел.

Со почит,
Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево.
24.12.2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево