Ќе се реконструира дел од водоводната мрежа на град Крушево со што ќе се обезбеди редовно водоснабдување и уште поквалитетна вода за пиење.
Ќе се реконструира водоводната мрежа на делот од споменикот Наум Наумовски Борче до врзувањето на локалниот со регионалниот пат Крушево – Демир Хисар кај градските гробишта.
Благодарение на овој проект ЈП „Комуна“ ќе ги подобри услугите кон граѓаните и ќе го намали бројот на дефеци.
Средствата обезбедени за овој проект изнесуваат 16.203.160 денари, а истите се дел од пренаменети средства од ТАВ Македонија со одлука на владата на Република Северна Македонија. Општина Крушево има изработено проект за реконструкција на овој дел од водоводната мрежа.