Водата да се преврива пред користење

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ во недела, 10.01.2021г., ги извести граѓаните водата да се преврива пред користење.

Водата може да биде заматена заради поголема издашност на изворите на водоснабдителниот систем Студенчица и затоа се препорачува пред користење да се преврива.

„Почитувани,

Заради поголема издашност на изворите на Студенчица можно е водата да биде заматена. Препорачуваме водата да се преврива пред користење.

Оваа состојба е на територија на цела општина.“, стои во објавата на „Комуна“ на социјалната мрежа „Фејсбук“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево