Окта
Со донација од компанијата „Окта“ „Комуна“ и општина Крушево успеаа да го решат проблемот по оштетувањето на пумпата во пумпната станица во с. Норово од каде што се пумпа вода за град Крушево.
Од страна на компанијата беше дониран пумпен агрегат кој беше инсталиран и за само неколку дена се реши овој голем и несекојдневен проблем во водоснабдувањето.
„Комуна“ изразува благодарност за придонесот на компанијата во решавањето на овој проблем кој се случи пред неколку месеци.