ЈП „ Комуна“ Крушево на 19.01.2021 година ги извести граѓаните дека заради засилен проток на вода во домаќинствата како превенција од мрзнење дел од граѓаните се соочуваат со недостаток од вода. „Комуна“ апелира до граѓаните протокот на вода да биде умерен затоа што и покрај зголемената количина на вода која се испорачува од „Студенчица“ може да дојде до краткотрајни недостатоци.
Во продолжение целосното соопштение кое беше објавено на официјалната страница на „Фејсбук“.
Протокот на вода во домаќинствата во текот на ноќите да биде умерен заради спречување на евентуални недостатоци.
Изминатите денови заради ниските ноќни температури граѓаните за да превенираат замрзување на водата ги оставаат домашни чешми со постојан проток на вода. Тоа е оправдано, но апелираме истото да не биде во големи количини.
Испорачаната вода од Студенчица е во зголемени количини, но сепак заради зголемен проток дел од домаќинствата се соочуваат со недостаток од вода. Поплаки за недостаток од вода добивме од жителите на с. Норово.Апелираме сите да внимаваме на овој аспект од користењето на вода во домаќинствата.