Испрати состојба на водомер
Почитувани,
Зимските услови и состојбата со коронавирусот не секогаш овозможуваат службите на „Комуна“ на лице место да ја проверуваат состојбата со водомерите. Заради овие причини апелираме граѓаните да ја користат „онлајн“ алатката „Испрати состојба на водомер“ и по електронски пат да се проверува состојбата.
Користењето на оваа алатка ќе овозможи и веродостојно наплаќање на сметките за вода и полесен начин на проверка и наплаќање на сметките.
Упатство за користење на апликацијата „Испрати состојба на водомер“
„Комуна“ ги креираше овие „онлајн“ алатки за да го подобри своето работење, што во превод значи подобри услуги за граѓаните. Апелираме да се користат сите „онлајн“ алатки.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево