По посолувањето на улиците во градот во изминатите денови, денес ЈП „Комуна“ е на терен кон с. Пуста Река и работи на расчистување на снегот.
Во рамки на годишната програма за работа усвоена од советот на општина Крушево „Комуна“ работи на зимско одржување на улиците од примарен и секундарен тип. Односно, на одредени улици „Комуна“ користи мешавина од гранулат и сол, додека на вториот тип користи само гранулат, а тоа се однесува главно на улиците со Бехатон плочки.
Сите ресурси на „Комуна“ се во погон и работењето на претпријатието се модернизира. Денес „Комуна“ има трактор со плуг и соларка која ја олеснува работата на службите во споредба со досегашното рачно исфрлање на гранулат и сол.