Чистење на отпад околу Крушевско Езеро

Чистење

Локација: Крушевско Езеро

По пријава на граѓани денес „Комуна“ работи на собирање отпадоци околу Крушевско Езеро, спортските игралишта и т.н. „корзо“.

Собрана е голема количина на отпадоци и затоа ЈП „Комуна“ апелира на одговорност и заедничка работа на заштита на животната средина.

„Детектиравме многу отпад особено околу Крушевско Езеро и спортските игралишта како места со најголема посетеност во Крушево. Исто така, добивме и пријави од граѓани за загаденост во овој предел и околу детското одморалиште. Ќе продолжиме со овие активности, но подеднакво е важно како граѓани да бидеме одговорни и секој од нас да придонесе за заштита на нашата околина и овие убави места во град Крушево.“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска.

ЈП „Комуна“ од декември 2020 година започна со кампања за подигнување на свеста за правилно складирање и исфрлање на отпадот од домаќинствата и на сите јавни површини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево