Норово
Почитувани граѓани од с. Норово,
Проблемот со фекалната канализација е надминат. За ваквите проблеми да не се повторуваат неопходно е сите домаќинства да бидат приклучени на системот на канализацијата.
Апелираме до граѓаните да се приклучат на канализационата мрежа во најкраток можен рок за да се обезбеди здрава животна средина и ваквите проблеми да не се повторуваат. Доколку ваквите случаи се провлекуваат истите ќе предизвикуваат проблеми на процесот на целосна имплементација на проектот за изградба на канализација и изградба на пречистителна станица.
Општина Крушево во с. Норово работеше на првата фаза на фекална канализација во 2020-та година.