Чистење во град Крушево
Недела, 14.02.2021
Во зимско одржување на улици и јавни површини ЈП „Комуна“ се води според годишната програма за организирање и функционирање на зимското одржување на улици и општински патишта на подрачјето на општина Крушево.
Според оваа програма дефинирани се сообраќајници и пристапи од прв и од втор приоритет и патишта и сообраќајници во населените места. Овие приоритети опфаќаат пристап до поважни објекти, собраќајници со т.н. критични точки, делници важни за функционирање на сообраќајот и други.
Покрај овие строго одредени приоритети „Комуна“ во своето работење ги таргетира сите улици кои е неопходно уште во првите часови при врнежи од снег да се исчистат. Овие таргети се одредуваат меѓу комуналното претпријатие, локалната самоуправа, полициската станица и друго.
Програмата можете да ја погледнете во делот „Документи“, односно на следниот линк.