ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска денес присуствува на 64-та седница на советот на општина Крушево на која советниците, меѓу другото, расправаат за финансискиот план и годишната програма за работа на претпријатието за 2021-ва година.
Ефремова Трајкоска на советот ги претставува документите кои се на разгледување и одговара на советнички прашања пред истите да бидат ставени на усвојување.
Годишната програма за работа е поставена на веб страницата на „Комуна“. Истата можете да ја погледнете на следниот линк. По усвојувањето и финансискиот план ќе биде јавно достапен.