Јавна чистота
Фотографија од 2020 година
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево работи на активности кои се во доменот на јавна чистота и одговор на барањата на граѓаните од аспект на одредени проблеми.
„По интензивните активности со снежната покривка во седмицата што измина во текот на оваа седмица работиме на чистење во центарот на градот. Исто така, покрај редовните активности одговоривме на одредени барања и поплаки на граѓаните на кои не можевме да одговориме заради снегот. Исто така, сакам да ги известам граѓаните дека ја привршуваме постапката за „онлајн“ плаќање на сметките кон нашето претпријатие. Благовремено ќе ве известиме за начинот на постапката за ваков начин на плаќање“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска.